Во моментов општина Ѓорче Петров се наоѓа во деликатна состојба, би рекол тешка од финансиски аспект, со оглед на оние долгови кои ги имаме наследено од минатото раководство и актуелната состојба со енергетската криза односно, нас ни претстојат обврски врз основа на доспеани сметки за електрична енергија повеќе од 5 или 10 пати отколку што доаѓале изминатите години, рече Славчо Мисајлески, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Ѓорче Петров.

Морам да напоменам дека во тој дел немаме никаква помош за општината од централната власт, од државата. Така да се наоѓаме во исклучително тешка состојба и решението е тековно одржување на обврските со оние приливи коишто самата општина располага во моментов.

На денешната седница ја поминавме одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со градот Скопје за асфалтирање на улици во руралниот дел. Тоа ни е од исклучително значење со оглед на финансиската состојба во која се наоѓаме, а со тоа би нашле начин како да им излеземе во рпесрет на граѓаните за решавање на инфраструктурните проблеми и потреби кои ги имаат. Со оглед на тоа што изминатиов период сме обременети со огромен број на обврски, овие средства во висина од 26 милиони денари и тоа како ќе ни бидат во интерес и за нас како општина и за граѓаните.

Предвидени се преку 20 улици во руралниот дел кои ќе бидат асфалтирани и ќе бидат реализирани со средствата од оваа одлука која денеска ја помина советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Одлуката денеска помина едногласно.

Ќе се реализираат повеќе од 20 улици во населените места Даме Груев, Волково, Кисела јабука, стопански двор, Ново село, определени се тие улици заради критичноста и состојбата во која се наоѓаат истите.

Морам да напоменам дека и од самата општина ќе се тендерираат и проектираат улици како во руралниот дел, така и во урбаниот дел согласно оние средства со кои ќе располага самата општина. Овие 26 милиони денари кои ги добиваме со оваа меѓуопштинска соработка, најголем дел се од град Скопје 25 милиони, општина Ѓорче Петров кофинансира 1 милион, меѓутоа остануваат слободни средства од општината со кои ние послободно ќе можеме да тендерираме и изработуваме проекти, улици, водоводи како во урбаниот дел, така и во руралниот дел.

 Исто така би сакал да напоменам дека се наоѓаме во градежна експанзија. Се изработуваат повеќе проекти, се отпочнува реализација на исклучителни, значајни проекти за Општина Ѓорче Петров. Би го напоменал проектот за мега паркот во Ново Село на поранешната депонија, исто така се уредува просторот околу локалитетот во Крст во Кучково, се проектира Волковска, се надеваме дека и таа ќе биде во брза реализација, поврзување на Лука Геров со Волковска и повеќе други останати проекти коишто ќе претстојат во наредниот период.

Она што ни беше наведено во самата програма на Општина Ѓорче Петров за Ѓорче Петров без кал, интензивно ќе отпочне да се реализира и се надеваме во тековниот мандат што ни претстои ќе биде целосно реализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.