Не чувствувам одговорност за доцнењето на учебниците изјави директорот на Бирото за развој на образование (БРО) Зекирија Хасипи.

Учебната годната заврши пред десетина дена, а голем дел од учениците не добија учебници или пак тие стигнаа на крајот од школската година. Хасипи и Јетон Шаќири, министерот за образование и наука уверуваат дека учебници ќе има на почетокот на новата учебна година.

За изработка на наставни програми има процедури и правилници и според тие процедури ние сме постапиле навремено. Откога се изработени работните групи повторно сме ангажирале и второстепена комисија за разгладување евентуални пропусти. Откако сме ја изработиле конечната верзија, тогаш сме ја доставиле. Можеби не се доставени сите програми одеднаш, но поедничено, по една, два програми до МОН. Мислам дека во средина на март ги доставивме програмите. Ако постапката за печатење за учебници оди по сите прописи, жалбени постапки, мислам дека во септември ќе има учебници, изјави Хасипи.

На новинарско прашање зошто се доцни со изготвување на програмите за шесто одделение Шаќири кажа дека тие биле доставени навреме во МОН, во март, а некои и во април.

Но, исто така некои од наставните програми за трето одделение се доставени во ноември минатата година. За трето одделение сме во напредна фаза, а за шесто ќе се обидеме да го стигнеме први септември. Се прават сите подготовки на први септември навремено да бидат доставени учебниците, изјави Шаќири, кој додаде дека за учебниците по предметот географија за седмо и за деветто одделние системот веќе се отвори и за сите предмети кои ќе имаат барања од страна на училиштата МОН ќе достави учебници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.