Вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Како што објавува Сител, според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.

Тој ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30-дневен притвор.

Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.