Нема никаков напредок во разговорите на македонско – бугарската историска комисија, иако состаноците се одржуваат редовно, изјави во Штип Драги Ѓорѓиев, копретстедател на заедничката комисија за историски и образовни прашања на двете држави. Последен пат се сретнале во февруари, а следниот состанок е закажан за во април, но не можеше да прецизира кога ќе има на повидок некакво решение.

– Комисијата ќе работи се додека има простор за разговор, а треба да се водат разговори, дијалогот треба да продолжи, а резултатите кога ќе дојдат, тое е неизвесно, изјави Драги Ѓорѓиев, копретседател на комисијата за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија

На дневен ред се учебниците за VII одделение во македонскиот и за VI-то одделение во бугарскиот образовен систем, каде според наставната програма се изучува историјата на средниот век.

– Во тек е дискусија за нив веќе подолго време, така што нема никакви препораки кои се дадени до Владите во двете земји за учебниците, додаде Ѓорѓиев

Животот и делото на Гоце Делчев се изучува во VIII одделение и за него допрва ќе треба да се разговара. Во однос на тоа, дали ќе има промени на членовите на Комисијата, Ѓорѓиев истакна дека тоа не зависи од нив, туку од политичките гарнитури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.