Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска го посети Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност, каде одржа состанок со поширокото раководство, информираат попладнево од надлежното министерство, соопшти МВР.

Тошковски бил запознат со структурата на Одделот и делокругот на работа што опфаќа обезбедување на домашни и странски ВИП-личности, обезбедување на објекти од посебно значење, обезбедување на дипломатско-конзуларни претставништва во државава, како и обезбедување на манифестации.

Тошковски изјавил дека дека „во делот на човечките ресурси и овој оддел се соочува со недостаток, бидејќи пополнетоста е на незадоволителни 55 отсто, имајќи ги предвид видот и спецификите на нивната работа“.

– Состојбата со возила е лоша како и во најголем дел од организациските единици во МВР, а освен возилата за оперативно работење што се стари и амортизирани, има недостаток и на соодветни возила за превезување странски делегации. Имајќи предвид дека ова е специфична служба што е лицето на Министерството за внатрешни работи при посети на странски делегации, во иднина е потребно да се изврши преструктуирање, спроведување соодветни обуки за вработените и инвестирање во современа опрема и возила, неопходна за ефикасно и професионално извршување на нивните задачи, смета Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.