Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека втора недеа по ред, има целосен молк од надлежните во однос на скандалот на Онкологија.

Од партијата додаваат дека пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои што имаат потреба. Според најавите, оваа терапија требаше да биде и на позитивна листа за овие дијагнози и покрај тоа што четири министри за здравство неколку години по ред ветуваа дека ќе има нова модерна позитивна листа и најсовремени лекови за болните од канцер на истата.

Наместо да најде решение директорката се крие зад вработени на Клиниката кои според неа „ќе одлучувале“ за терапија.

Директорката е должна да даде одговори:

1. Што има преземено за да има терапија за сите?

2. Зошто се молчи за недостигот на терапија?

3. Кои конкретни чекори ги преземал менаџментот таа како менаџер за да има терапија за сите пациенти кои имаат потреба?

Пропустите се резултат на системската долгогодоишна негрижа која очигледно стана пракса кај повеќке категории пациенти исто како и кај пациентите со цистична фиброза, дијабетичарите и други.

Затоа клучно е прашањето:

1. Кој ќе одговара за нееднаквиот третман на пациентите и свесното поткопување на јавното здравство токму од институциите кои треба да се грижат и обезбедат терапија за пациентите?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.