Ноќва околу 1 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“.

Од МВР потврдуваат дека нема повредени лица.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.