Дојде уште еден петок. Време е за уште едно ново издание на музичкото талент-шоу “Пат до Ѕвездите”, вечерва на Тв “Алфа” и “Балкан Мјузик” со почеток во 20:30 часот. Уште неколкумина кандидати ќе се претстават пред стручната жирикомисија составена од познатиот музичар Роберт Саздов, фолк-пејачката Стојне Николова и гостинот, популарниот Спасен Силјаноски.

Тие нема да имаат лесна задача, а богами пред сериозен предизвик се и натпреварувачите, бидејќи секој од нив се бори и дава сѐ од себе да обезбеди пласман за понатаму…

Имаше пофалби, но и критики, некои од кандидатите добија зелено светло за понатаму, а некои од нив ќе мора да се докажат уште еднаш во бараж-емисијата.

Нетрпение се разбира дека има помеѓу кандидати, но од време на време искри се појавуваат и помеѓу Роберт Саздов и Стојне Николова. Најчесто е тоа поради различните ставови кога е во прашање пеењето на учесниците.

Погледнете што ве очекува:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.