ВМРО-ДПМНЕ на сите членови на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед на Република Македонија, им посакува лесен и благословен пост, а деновите на овој свет месец Рамазан заедно со семејствата да го поминат во мир и спокој.

Овој празник нека биде поттик за граѓаните да продолжат да ги почитуваат и негуваат универзалните вредности, меѓусебно да си помагаат се со цел преку взаемно почитување, добрина, толеранција, солидарност и хуманост да се придонесе за подобра иднина на сите граѓани. Со работа и труд на сите граѓани заедно сплотени ќе се успее да се излезе од оваа исклучително тешка состојба во која се наоѓа нашата држава и нашите сограѓани. Обезбедување на подобра иднина, зголемување на животниот стандард на граѓаните и решавање на нивните проблеми е основна цел на ВМРО-ДПМНЕ за која се стреми и на која одговорно и посветено работи. ВМРО-ДПМНЕ посакува духовна исполнетост, среќа, радост и во добро здравје да Ви минат рамазанските пости, велат во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.