Академикот Божин Павловски, кој живее и работи и во Австралија, во изјава за МКД.мк вели дека никогаш порано дијаспората не била вклучувана во пописите на Република Македонија.

Сега тоа беше спроведено со големо залагање на Али Ахмети, кој прво си обезбеди законска рамка. И кога дојде време за теренска активност, во кампањата покрај него учествуваа претседателот на Албанија, премиерот на Косово, главно со телевизиски пораки. Тие снимки и денес можете да ги најдете на Јутјуб. Сепак, главни во кампањата беа потпретседателот на владата Артан Груби, и министерот за надворешни Бујар Османи, кои лично посетија некои земји со поголема албанска дијаспора. Веројатно тие не престојуваа таму на личен трошок, туку на сметка на даночните обврзници. Според неколку соработници на Австралиско-македонскиот неделник на терен престојувале и бројни емисари со лаптопи во своите чанти. Целава оваа активност им вроди со голем успех. Али Ахмети не го крие своето задоволство, вели тој.

Повеќе на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.