Претседателката на Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска го потсетува министерот за обрасование Јетон Шаќири на законската обврска учениците на 1 септември да добијат учебници.

Министре, Шаќири!

Само да ве потсетам на законот!
Закон за учебници за основно и средно образование:
Член 2
Учебник, во смисла на овој закон, е основно наставно средство и извор на знаење за остварување на воспитно-образовните цели утврдени со наставниот план и програми на основното и средното образование.
Член 24
(1) Секој ученик на почетокот на учебната година добива комплет на бесплатни учебници.
Тоа што Вие сте објавиле тендер за учебници на 14 Јули е Ваш проблем. Учениците и наставниците на 1 Септември треба да имаат УЧЕБНИЦИ!!! КОМПЛЕТ!!!
ЗАКОН Министре, за ЗАКОН станува збор. Мила Царовска и Вие не враќате децении нанаад, ама ич да не се секирате ние во ЕУ одиме.
20 дена пред почеток на новата учебна година.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вели дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Toj се надева дека тие ќе бидат доставени до училиштата навреме, но, додава доколку се случи да има доцнење, Министерството за образование и наука (МОН) има обезбедено печатени соодветни материјали додека учениците ги добијат учебниците.

Шаќири појасни дека согласно концепцијата што МОН ја усвои минатата година, новите наставни програми се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од 1 септември ќе има учебници во трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои се по стара концепција и мислам дека тие ќе бидат навремено доставени до училиштата. За новата концепција сме во фаза на одобрување и на економски оператор и на некои учебници, но имаме уште 20 дена рок и очекувам и овие да бидат позитивно завршени до почетокот на новата учебна година – изјави Шаќири во гостување во вестите на Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.