Родинина на бугарскиот Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа здружението во Охрид. Ова може да се протолкува од одговорт кој на барање на Канал 5 го достави Централниот регистар. Откако Министерството за правда соопшти дека здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид не доставило барање за добивање на позитивно мислење во постапката за регистрација, од Централниот регистар велат дека здружението е впишано лани во ноември во согласност со Законот за здруженија и фондации.

„Согласност од Министерство за правда не е доставено како прилог кон пријавата за упис, од причина што подносителот на истата доставил прилог доказ согласно член 49 став 2 од Законот за трговски друштва, а во врска со 8 од Законот за здруженија и фондации, имено доставил согласност од сродник за внесување на името Цар Борис III во името на Здружението

Оттаму објасуваат дека за прашањата поврзани со името на здружението се применуваат одредбите од Законот за трговски друштва според кои може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Иако наведуваат дека основачот на здружението доставил доказ за согласност од сродник за внесување на името Цар Борис Трети, кој е доказот и кој гарантира за неговата законитост, подетални информации нема. Случајот повторно отвори оправдани дилеми дека секој може да регистрира здружение со име на личности кои длабоко задираат во чувствата поврзани со историјата. Од Министерството за правда најавија дека ваквата пракса ќе заврши по измените на Законот за здруженија и фондации на кои во моментот е ангажирана работна група.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.