Во Скопје почна снимањето на филмот „Кома“, во режија на Агим Абдула и во продукција на „Galaktika pictures“ – односно Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили.

Приказната во филмот е за двајца пријатели кои се сретнале по подолго време и се навраќаат на своите спомени. Едниот доживува несреќа, а другиот се обидува да му помогне. Мислам дека ова е добра приказна и вреди да се сними, вели режисерот Агим Абдула.

По трите краткометражни филмови и 10 освоени награди на меѓународни фестивали, продуцентот и сценарист Бунјамин Куртиши го започна снимањето на долгометражниот филм „Кома“. Овој филм во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел – дебитанти, доби највисока сума од Агенцијата за филм, 23 милиони денари (над 370 илјади евра).

Втор пат сум во Скопје. Градот ме мотивира и го сакам, вели Шахрам Мокри, кој е консултант од Иран што помогна доработка на сценариото.

Потпишан е и меморандум за соработка на филмскиот центар Вардар филм и друштвото за филмска продукција Galaktika pictures. Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство во филмскиот проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.