Skip to main content

Филмот „Ескорт“ во кино Мис Стон

В четврток, на петти декември од 19 часот во кино „Мис Стон“ во Прилеп ќе биде прикажан филмот „Ескорт“.

„Ескорт“е копродукција на Кинорама од Хрватска со Скопје Филм Студио и Бука Продукција од Косово, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот Аудио визуелен Центар, ХРТ и Косовскиот Центар за кинематографија.

Возрасна категорија: 18+

Влезници ќе се продаваат на билетарницата од киното среда и четврток од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот.

Приказната го следи Миро кој за време на службено патување, за прв пат во животот, вечерта ја поминува со ескорт дама кој некој ја испратил во неговата хотелска соба. После страстниот секс, тој ја наоѓа девојката мртва во тоалетот. Успешен, среќно оженет и татко на две деца, Миро ја прикрива несреќата со помош на двајца вработени во хотелот, кои набрзо почнуваат да бараат од него да им ја возврати услугата. На почетокот, тоа се мали нешта, но наскоро нивните барања почнуваат да излегуваат од контрола. Двајцата соучесници во неговото „злосторство“ одеднаш добиваат голема улога во неговиот живот, кој никогаш повеќе нема да биде ист.

Авторски потпис на филмот ставаат и Фране Памиќ како кинематографер, Славен Зеќевиќ – монтажа, сценографијата е на Иван Вељача, костимографија –Жељка Франуловиќ, шминка – Мојца Горогранц Петрушевска, автор на оригиналната музика е македонскиот композитор Александар Пејовски, а дизајнот на звук е на ИгорПоповски. Продуценти на филмот се Хрвоје Перван, Драган Јуриќ и Анкица ЈуриќТилиќ, а како копродуценти се потпишуваат Томи Салковски и Фатмир Спахиу.

Главните улоги ги толкуваат Живко Аночиќ, Крешмир Микиќ, Никша Бутијер, Хрвојка Беговиќ, Игор Ковач, Хрвоје Баришиќ, Пашко Вукасовиќ и Лена Медар.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort