Две лица се повредени и веднаш пренесени со возило на итната помош во Ургентниот центар на скопската Клиника, откако автомобил „рено“ удри во ѕид на влезот на Делчево.

По несреќата на повредените лица им била укажана прва медицинска помош при што биле констатирани тешки повреди, поради што се транспортирани во Скопје.

Сообраќајот по несреќата е регулиран од припадници на сообраќајната полиција, а на самото место е извршен првичен увид и притоа задржано е друго возило кое без видливи штети се наоѓа на местото каде се случила сообраќајната несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.