Драстични температурни разлики утрово биле регистрирани во северниот и јужниот дел на Грција, според податоците на порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, со измерини минус 20 степени во северозападниот дел на земјата и 18 на островот Кастелоризо, јави дописничката на МИА од Атина.

„Метео“ пишува дека во 8.45 часот утрово, во северниот дел на земјата температурите биле под минус 15 степени, додека пак во исто време на островите во југоиспочниот дел на Егејското Mоре, оние кои се во близина на турското крајбрежје, температурата била 18 степени, односно разликата достигнала 38 степени.

Поради студентото време и снегот, во одредени места во северна Грција денеска се затворени училиштата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.