Тројца бугарски полицајци се повредени во протестите пред Парламентот во Софија организирани од парламентарната партија Преродба против воведување зелен сертификат.

Полицајците како што јави БТА се примени во Воената болница во Софија.

Централниот влез на бугарското Националното собрание во Софија е блокиран одвнатре со маси, откако демонстрантите се обидоа да влезат во зградата.

Лидерот на партијата Преродба, Костадин Костадинов не е на протестот, но во видео обраќање ги повика демонстрантите да велзат во зградта на Парламентот. И пратениците од партијата, кои се внатре во Народното собрание, ги повикуваат обезбедувањето да ги пуштат демонстрантите во парламентот.

Собраниската седница веќе заврши, во зградата се уште има пратеници и новинари, и откажани се комисиските состаноци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.