Една од  најпознатите српски актерки падна во рамките на истрагата за злосторствата на Кавачкиот клан дознава „Република.рс“.

-Кога оперативците на Европол и Евроџаст во соработка со МВР на Србија ги искршиле шифрираните телефони со апликацијата Скај, кои ги користеле членовите на кланот, наишле и на кодното име Мерлинка. Преку вкрстена комуникација и долга оперативна работа утврдија дека тоа е звучно име од филмот и од малите екрани.

Таа стапила во интимни односи со политичари, бизнисмени и други јавни личности, а потоа ги уценувала со помош на членови на кланот. Исто така, на нејзиниот шарм не останале имуни и некои високи полициски функционери од кои извлекувала информации за текот на истрагата, кој бил под лупа на МУП и какви дејствија се планираат.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.