Црногорските медиуми објавија дека на крајот на минатата недела во Сплит е уапсен Владан Мијушковиќ од Никшиќ, кој се бара во татковината под сомнение дека е член на криминалната организација на покојниот Јован Вукотиќ о

Мијушковиќ е уапсен по потерница од црногорските правосудни органи. Tие сакаат да му обезбедат присуство во кривичната постапка во која е одговорен за формирање криминална организација и планирање на повеќе убиства според обвинението на Специјалното државно обвинителство, во кое се наведува дека Вукотиќ формирал криминална организација за целта на ликвидација на водачите на кавачкиот клан, Слободан Кашчелан и Радоеј Звицер.

Мијушковиќ беше уапсен минатиот четврток во кафуле во Подстрана при рутинска контрола на полициски службеници и изведен пред истражен судија кој го осуди на екстрадиционен затвор од 40 дена. Со тоа започна процесот на негова екстрадиција во Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.