Дваесет и двегодишен маж починал како последица на убод со нож во Сплит. Според сплитско-далматинската полиција некаде околу 1 часот по полноќ неколку лица биле турнати на улица, при што бил избодено момчето кое подлегнало на повредите. Иако итно бил пренесен во сплитската болница, тој починал дваесетина минути по нанесената повреда. Полицијата привелатри лица кои се поврзани со споменатиот настан. Полицијата утрово излезе со ново соопштение.

„Вечерва, еден час по полноќ во Сплит, на улица „Мажураниќево шеталиште“ 22-годишник бил нападнат од маж кој го прободел во пределот на градниот кош. Повредениот 22-годишен маж со возило на Брза помош е пренесен во болница, каде што ноќеска починал како последица од здобиените повреди. Веднаш по добивањето на пријавата, полициските службеници излегоа на местото на настанот, кое го обезбедувале и преземале дејствија за пронаоѓање на лица поврзани со настанот. Известен е заменикот на жупаниското државно правобранителство, кој излегол на местото на настанот и ја водел истрагата.

Во службените простории се донесени повеќе лица, од кои две се уапсени во врска со убиството, а против нив се води кривична истрага со цел утврдување кривична одговорност“, соопштија од полицијата.

Според Слободна Далмација, трите уапсени лица се браќа, наводно наркозависници. Нападот се случил пред зградата во која живеат.
Како што пишува медиумот по судирот мешу убиениот и уапсените, најстариот брат отишол во станот во кој живеат за да земе нож. Со него му нанел неколку тешки рани на младиот човек кој им подлегнал. Кога пристигнала полицијата, тој дал отпор при апсењето. Кога бил внесен во службеното возило, тој удрил со главата во жичената преграда во возилото и врескал на цел глас.

„Не знам дали претходно нападнале некого, но знаат да влезат во продавници, пекари и кафулиња и да крадат пари. Не забележав дека се агресивни. Ништо не слушнав додека итната помош и Полицијата дојде со сирени. Којзнае зошто го нападна кутриот и тоа тројца на еден“, изјави за Слободна станар од блиската зграда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.