Директорото на Универзитетската болница во Стара Загора, Јовчо Јовчев, сооопшти дека вечерва се примени 17 деца повредени во несреќата на автопатот Тракија.

Најмладиот има 6 години, најстариот 17 години. Тројца се со потешки набиеници и гребнатини – изјави д-р Јовчев.

Според него, има еден маж, кој има тешка повреда на ногата.

Децата биле повредени кога автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија, во кој се превезувале 48 деца, излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек. Од полицијата соопштија дека немало загинати.

Според првичните информации, двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, додека другите се со различни повреди. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар.

Сите повредени се упатени кон болницата во Стара Загора.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упатила кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.