Новата бугарска службена Влада предводена од премиерот Димитар Главчев вчера положи заклетва во Парламентот. Претходно, Владата беше назначена од бугарскиот претседател Румен Радев, кој најави предвремени избори на 9 јуни годинава.

 

Ова ќе бидат шести избори од 2021 година, откако партијата Има таков народ (ИТН) на 28 март одби да формира Влада, која е трета партија која одбива мандат.

И партијата ГЕРБ и партијата Промените продолжуваат-Деморкатска Бугарија (ППДБ) претходно изјавија дека не можат да формираат нов владин кабинет.

Бугарија од април минатат година имаше заедничка Влада поддржана од ППДБ и ГЕРБ, кои се договорија за 18-месечна Влада со ротирачки премиери. Прво премиер беше Николај Денков од ППДБ, а потоа Марија Габриел од ГЕРБ.

Како што беше договорено, Денков поднесе оставка на почетокот на март и го отстапи местото на ГЕРБ да ја води Владата во следните девет месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.