Уште еден пораз за најслабиот двоец во ресорот правда, министерот Лога и заменичката Мадиќ, за омилената директорка на СДСМ Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, извршителот на ДУИ во јавното обвинителство, вели Антонијо Милошоски откако Вишиот управен суд вчера ја отфрли како неоснована жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија со која беше уважен приговорот на проф.Силјаноска Давкова за прекршување на Изборниот законик од страна на Академијата за судии. Одлуката е конечна и извршна.

Истовремено ова е добра вест за сите квалитетни правници. Ова е победа на правото и заштита на изборниот законик од политичкиот инженеринг на овие четворица владини функционери, кои ќе мора да ја повторат римската правна лекција Dura lex sed lex, пишува Милошоски.

Постапката за полагање испити во Академијата и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на Изборниот законик од функционерите на оваа институција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.