Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија. Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар.

Според првичните информации, во несреќата на автобусот, повредени се 12 лица, четворица возрасни и осум деца. Според заменик-главниот секретар на МВР на Бугарија, Станимир Станев, двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упатиле кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.