Учи, прочитај книга, заврши факултет, ќе бидеш попаметен играч на теренот. Тоа е сигурно. Ако тоа не го направиш, ако не се школуваш, еден ден, кога ќе заврши кариерата, ќе се најдеш во ситуација во која ќе прашаш некого: Дали може нешто да работам? Ќе добиеш одговор: Што да работиш, што знаеш да работиш?

Вака тренерот на легендарната Металопластика од Шабац, Србија Владан Матиќ, го почна своето излагање на конфренцијата „Хендбал токс“. Тој ги советуваше младите ракометари како да се однесуваат на теренот, како да вложуваат во себе и што е тоа што најдобро може да го направат за себе.

Каде ве води сето тоа после кариерата? Во пијанство, дрога, во растурени бракови. Ќе ви кажам што ве чека после кариерата. Вложите сè во себе, во своето образование, во својата спортска кариера, за да имате после некој нормален живот, бидејќи ракометот е мал спорт. Овде нема авиони, камиони, а и тоа ќе се потроши, кажа Матиќ на конфренцијата.

извор: https://www.balkan-handball.com/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.