Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Хари Наковски е нов селектор на македонските одбојкари, објави Спорт.мк.

Во пресрет на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026-та, ОФМ реши Наковски да ја преземе улогата на Јошко Миленкоски, кој лани ја предводеше Македонија до најголемиот репрезентативен успех, а тоа е осминафиналето на континенталниот собир, против Италија во Бари.

„Сакам да упатам благодарност до ОФМ, голема чест е да се наследи и да се работи со Јошко како наше најголемо тренерско име. Се надевам дека со добро здравје и со добра работа ќе ја исполниме целта“, е првиот коментар на Наковски, кој минататa година му беше асистент на Миленкоски.

Миленковски ќе остане во репрезентацијата но само ќе помага во стручниот штаб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.