Македонскиот ракометен репрезентативец и голгетер Филип Кузмановски (27) се врати и повторно ќе настапува во матичниот клуб Еурофарм Пелистер.

Управата на клубот соопшти дека со доаѓањето на Кузмановски во клубот продолжува процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни засилувања кои ќе настапуваат во Битола.

Како што е познато, Филип Кузмановски својата ракометна кариера ја почна во Пелистер, продолжи во Металург, настапуваше за Еурофарм Работник, а во Германија го носеше дресот на Магдебург, Хановер и Вецлар.

Првиот настап во РК Еурофарм Пелистер, Кузмановски ќе го има на 20 ноември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.