Вчера во СВР Тетово, О.С.(38) од тетовско Шемшово пријавил дека околу 12.20 часот на фудбалскиот стадион во тетовско Џепчиште, во текот на второто полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Ренова и ФК Шари 1979, С.Ш. и А.Ш., двајцата од тетовско Глоѓи, агресивно се однесувале и фрлале
предмети кон него, Б.И. и С.Ц. од Тетово, инаку сите тројца фудбалски судии, а во еден момент со тврд предмет го нападнале него.

Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.