Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, го објави конечниот список на патници за Светското првенство во Полска и Шведска.

Тој ќе смета на 18 ракометари, а од оние 22 што беа на тренинзите и играа на пријателските со Црна Гора, Хрватска и Израел, отпаднаа десното крило Александар Петковски, десниот бек Давид Савревски, левото крило Цветан Кузманоски и голманот Марко Кизиќ.

За Краков патуваат Филип Талески и Никола Митревски кои не беа дел од тимот во Пореч.

Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а настапот на СП го започнува на 13 јануари со Норвежаните.

Македонија: Томовски, Митревски, Манасков, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевси, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Марко Стјојковиќ, Никола Маркоски, Костадин Петров, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младновиќ, Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов.

Светското првенство 2023 ќе се игра во градовите: Краков, Гдањск, Катовице, Плок, Стокхолм, Малме, Гетеборг, Јонкопинг и Кристијанштад.

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во Група Ф која важи за една од најсилните на Мундијалот. Покрај момците на Кире Лазаров, во групата се уште и Норвешка, Аргентина и Холандија.

Црвено-жолтите отвораат со апсолутниот фаворит Норвешка на 13-ти јануари од 20:30 часот во полски Краков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.