Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Бедене во третото коло на Ролан Гарос (3:0) одговараше на прашања кои не беа поврзани со самиот меч.

Првиот рекет во светот на новинарско прашање се осврна на тоа дека премиерот на Австралија Скот Морисон кој го избрка во јануари загуби на изборите.

– Ја слушнав веста за промената на власта во Австралија, но не знам колку тоа влијае на враќањето на можноста за аплицирање за виза. Би сакал повторно да одам во Австралија, немам за што да се жалам – изјави Ѓоковиќ од Париз.

Австралиските власти му забранија на Новак да влезе во земјата за време на слетувањето во Мелбурн, а по неколкунеделна драма и карантин, Новак мораше да ја напушти земјата без право на настап на Австралија опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.