Една од најдобрите хрватски спортистки, атлетичарката Бланка Влашиќ (38) објави фотографии од својата венчавка. До крајот на годината таа и нејзиниот сопруг го очекуваат и своето прво дете до крајот на годината.

Влашиќ се омажи со белгискиот спортски новинар, Рубен ван Гухт (35).

Влашиќ кариерата ја заврши минатата година поради повреда на ахиловата тетива. Освои златни медали на сите големи натпреварувања, освен олимписките игри каде во 2008 година само еден неуспешен скок ја спречи да стигне до најсјајното одличје на игрите во Пекинг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.