Романската тенисерка Ирина Камелија Бегу е казнета за инцидентот што се случи на мечот против Екатерина Александрова на Ролан Гарос.

Бегу во моментот на фрустрација по губењето на сервисот во третиот сет (5:5) го фрли рекетот, кој незгодно се одби на трибината и удри во дете. Детето плачеше, натпреварот мораше да прекине некое време додека не се смири.

Бегу доби казна поради неспортско и мораше да плати 10.000 долари по натпреварот, што е најголемата казна изречена од почетокот на турнирот.

За разлика од Бегу, која ќе продолжи да игра и во следното коло, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за сличен инцидент беше дисквалификуван од турнир поради ненамерното удирање на судијата со топчето во врат на УС Опен 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.