Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, се уште ја чека одлуката на Владата на Австралија дали ќе игра на турнирот во таа земја или ќе биде депортиран дома.

Според последните најави, Ѓоковиќ добил ослободување од вакцинација поради неговата неодамнешна инфекција со коронавирус.

Би-Би-Си објави дека на 16 декември 2021 година, Ѓоковиќ бил позитивен на коронавирус. Врз основа на тоа, Ѓоковиќ доби лекарско ослободување за влез во Австралија.

Има и такви кои се на мислење дека популарниот Ноле сакал да биде над законот и дека сега ќе биде казнет поради тоа, а сега поддршка за Ѓоковиќ стигна и од муфтијата на Белград, Мустафа Јусуфспахиќ.

Јусуфспахиќ објави фотографија со Ѓоковиќ со опис: „Сведочам. Бог гледа сè“.

Доколку судот го потврди аргументот на Новак во понеделник, тој би можел да настапи на првиот Грен слем сезонава, во спротивно ќе се врати во Србија.

Неодамнешната драма предизвика бурни реакции ширум светот, а секако најголемото незадоволство владееше во Србија по веста за одлуката на австралиските власти дека најдобриот тенисер нема да настапи на престижниот турнир бидејќи не добил виза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.