Индијана пејсерс го победи Њујорк никс во шестиот натпревар од плејоф полуфиналето во Источната конфернеција на НБА лигата со 116:103. Со оваа победа, Индијана го изедначи скорот во победи на 3:3, со што се избори мајсторка, која ќе се игра во Њујорк в недела.

Во победничката екипа се истакна Паскал Сиакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции.

Џејлен Брунсон со 31 поен беше најефикасен кај Њујорк, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од пораз.

Победникот од оваа пресметка ќе оди на Бостон селтикс во конференциското финале на Исток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.