Австралиската тенисерка, Ешли Барти, без загубен сет ја освои титулата на женскиот турнир на Австралија опен, откако во финалето ја совлада Американката Даниела Колинс со 6-3, 7-6.

За прворангираната светска тенисерка ова е прва грен-слем титула пред домашната публика во Мелбурн.

Пред триумфот на Австралија опен, Барти освои две грен-слем титули во кариерата, лани на Вимблдон и во 2019 година на Ролан Гарос во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.