Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов доби доживотна суспензија поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА).

Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари.

Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска програма во периодот помеѓу 2019 и 2023 година, вклучително и манипулација со податоци за резултатите од натпреварите со цел обложување, олеснување на обложување, корупција, обложување на тениски натпревари и непријавување корупција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.