Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес информира за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро.

– Со меѓусебен договор е прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим во државното првенство и европските натпреварувања, а исто така му посакуваме многу успеси во иднина, стои во соопштението на стружани.

На три кола пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ е на делба на првата позиција заедно со Шкендија и со Шкупи. Трите екипи имаат по 58 бодови.

Во последните три кола, Струга ќе игра со Гостивар (дома), па со Шкендија (на гости) и на крајот со Шкупи (дома).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.