Со совршена партија без промашување, Крис Пол, го предводеше Феникс до победа на гостувањето во Њу Орлеанс со 115:109, со што „сонцата“ со 4-2 во победи се пласираа во второто коло од НБА плејофот.

Пол шутираше 14-14 од поле (1-1 за три), како и 4-4 од линијата за слободни фрлања за вкупно 33 поени. Со таквиот учинок, Пол, кој на 6 мај ќе наполни 37 години, стана првиот кошаркар во историјата со толкав број последователни погодици бе промашување во еден плејоф натпревар. Пол додаде и осум асистенции, пет скокови и една украдена топка.

Одлична партија имаше и центарот Деандре Ејтон со 22 поени (10-12 шут од игра), кој мечот го заврши со 22 поени, седум скокови и четири асистенции.

Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Брендон Инграм со 22 поени.

Освен Феникс, победи на гостински терен и пласман во второто коло од плејофот обезбедија и Филаделфија и Далас.

Торонто – Филаделфија  97:132 (2-4 во победи)

Јута – Далас  96:98 (2-4)

Во следното коло ќе играат:

Мајами – Филаделфија

Бостон – Милвоки

Феникс – Далас

Голден Стејт – победникот од серијата меѓу Мемфис и Минесота (3-2 моментален резултат)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.