Центарот на Денвер, Никола Јокиќ го постигна својот петти трипл-дабл сезонава, но неговата екипа загуби од Њу Орлеанс со 115:110.

Јокиќ имаше учинок од 26 поени, 16 скока и 18 асистенции. Со тоа, српскиот кошаркар го израмни својот рекорд по број на асистенции во некој натпревар од НБА лигата.

За 36 минути игра Јокиќ имаше шут 10 од 20 од поле и 5 од 5 од линија за слободни фрлања.

Денвер со девет победи и три порази е лидер на табелата во Западната конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.