Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.