Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер, триумфира на гостински терен против Феникс со 119-111, но причини за славје имаше и кошаркарот на поразениот тим, Кевин Дурант, кој испиша историја. На овој натпревар, Дурант се искачи на десеттото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА лигата.

Дурент на дуелот со Денвер постигна 30 поени со што дојде на бројката од вкупно 27.423 поени во кариерата.

Од десеттото место на вечната листа Дурент го истисна легендарниот Мозес Малоун, кој во кариерата постигна вкупно 27.409 поени.

Најдобар стрелец во историјата на НБА лигата е Леброн Џејмс (39.124), кој меѓу првите му честиташе на Дурент на рекордното остварување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.