Со постигнати 32 поени, 15 асистенции и 10 скока, Никола Јокиќ му помогна на Денвер нагетс да слави победа (134:124) против Хјустон рано утрово на домашен терен.

Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ го забележа својот 7-ми трипл-дабл сезонава. За 32 минути на паркетот Србинот беше прецизен во 12 од 19 обиди од поле и 7 од 8 од линијата за слободни фрлања.

Нагетс (13-6) се втори на Западот, Рокетс (8-8) се 8-ми.

За разлика од Денвер, Детроит загуби и тоа 15-ти пат по ред. Лејкерси му нанесоа висок пораз со 133:107.

Предводник до победата на гостите од Лос Анџелес беше Д’Анџело Расел со 35 поени, девет асистенции и четири скока.

Лејкерси (11-8) се искачија на 7. место на Западот, додека Детроит (2-16) се последни во Источната конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.