Со жрепка во седиштето на ФИБА во швајцарскиот град Меи e одреден составот на групите во квалификациите за пласман на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри 2024 во Париз.

Вкупно 24 репрезентации се поделени во четири групи, а пласман на Олимписките игри ќе обезбедат само првопласираните четири селекции во секоја група.

Квалификациските групи ќе се играат од 2 до 7 мај во Валенсија, Пиреја, Рига и Сан Хуан.

Во Валенсија ќе играат домаќинот Шпанија, Либан, Ангола, Финска, Полска и Бахами, во Рига ќе се сретнат домаќинот Летонија, Филипини, Грузија, Бразил, Камерун и Црна Гора, во Пиреја ќе играат домаќинот Грција, Словенија, Нов Зеланд, Хрватска, Доминиканска република и Египет, а во Сан Хуан за место на завршниот олимписки турнир ќе се борат домаќинот Порторико, Италија, Бахреин, Мексико, Брегот на Слоновата коска и Литванија.

Пласман на Игрите во Париз веќе обезбедија Франција, САД, Германија, Австралија, Канада, Кина, Јапонија, Србија и Јужен Судан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.