Кошаркарите на Детроит ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА лигата со триумфот над Торонто од 129-127. За Детроит ова беше третата победа сезонава и прва по серија од 28 порази.

Најефикасен во редовите на Детроит беше првиот избор на драфтот во 2021 година, Кејд Канингем, кој постигна 30 поени.

Во преостанатите четири натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, Далас предводен од Лука Дончиќ (39 поени) триумфираше на гостински терен над Голден Стејт (132-122), додека домашни победи извојуваа Минесота против ЛА Лејкерс (108-106), Чикаго против Филаделфија (105-92) и Индијана против Њујорк (140-126).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.