Со нов волшебен пресврт на стадионот Сантјаго Бернабеу, Реал Мадрид се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

„Кралскиот клуб“ славеше против Манчестер сити со 3:1, по продолженијата, иако во судиското надополнување од регуларниот дел од средбата влезе со негатива од 1:0 (Ријад Марез, 73. минута), што на „граѓаните“ им даваше два гола предност во полуфиналниот двомеч.

Сепак, со два гола на Бразилецот Родриго, кој во игра влезе во 68. минута, во 90. и во 91. минута, мадриѓаните направија целосен пресврт и го изедначија вкупниот резултат во двомечот.

Во продолжението, фудбалерите на Реал Мадрид покажаа дека одлично се снаоѓаат во ситуација кога веќе направиле пресврт и го комплетираа пласманот во финалето со голот на Карим Бензема од пенал во 95 минута.

Во борба за својата 14. титула во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.