Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се повреди при настап за репрезентацијата на Камерун.

На квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Камерун и Маурициус (3:0), Онана го напушти теренот во 81. минута, откако доби болен удар.

Онана оваа сезона прими 30 гола во 18 настапи за Манчестер јунајтед, со шест „чисти“ мрежи.

Претходно се дозна за уште една повреда на играч на Манчестер јунајтед. Напаѓачот на англиската репрезентација, Маркус Рашфорд се повреди на натпреварот против Малта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.