Со победата против Словенија со 2:1, репрезентацијата на Данска се пласираше на Европското фудбалско првенство во 2024 година.

Данците имаат 22 бода по девет кола во групата Х, со што станаа 13. учесник на континенталното натпреварување.

Еуро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни, па германската репрезентација на турнирот ќе игра како земја домаќин.

Претходно билети за финалната фаза на ЕП 2024 година изборија селекциите на Франција, Белгија, Португалија, Шпанија, Шкотска, Турција, Австрија, Англија, Унгарија, Албанија и Словачка.

Првенството во Германија ќе се игра од 14 јуни до 14 јули со 24 учесници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.