Фудбалерите на Вардар и следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево го совладаа третопласираниот тим во второлигашката конкуренција Детонит Плачковица со  2-0 (2-0) во баражот во Струмица.

Победата која му донесе прволигашки опстанок на најтрофејниот македонски клуб ја навести Дејан Ѓуриќ во 42 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Лука Шушњара.

Нови членови на ПМФЛ во сезоната 2024/25 ќе бидат дебитантот Беса и повратникот во прволигашката конкуренција Пелистер.

Во Втората лига се преселија Македонија Ѓорче Петров и Брегалница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.