Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по атентатот се подобрува, соопштија денеска словачката влада и Универзитетската болница Ф.Д. Рузвелт.

Врз основа на резултатите од прегледот, на денешниот состанок на конзилиумот е потврдено постепеното подобрување на здравствената состојба на премиерот, соопшти словачката влада без да прецизира други детали.

На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, a полицијата веднаш го приведе. Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му беше извршена операција.

Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.