Новинарката од Косово, Зана Авдиу е на мета на навреди, па дури и смртни закани поради критики кон швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака и неговото однесување во натпреварот во групната фаза против Србија.

Потегот на Гранит Џака е срамен. Ретко кој не ја сподели таа фотографија, тоа значи нулта ниво во некоја наша држава, искоментира новинарката за непримерниот гест на Џака.

Со тој коментар таа го навлече гневот на косовската јавност, па дури добивала и смртни закани. Во медиумите се огласи и нејзиниот адвокат Арианит Кочи.

Нормално е да имаме различни ставови и да не се согласуваме за некои работи, но вакви закани се недозволиви во еден цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности само се зголемуваат заканите, објасни Кочи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.